Видео од жена која работи како тренер во „Делфинариум“ во Дубаи предизвика гнев кај луѓето. Вработената без милост и емпатија кон животното го малтретира така што се качува врз него додека делфинот е сѐ уште на суво. Моментално вработената е под истрага.
Експертите велат дека на овој начин многу лесно може да се повреди животното бидејќи тие не издржуваат притисок надвор од водата. Погледнете го видеото за да видите за каков срам за човештвото се работи.