Полицијата во Кина го стопирала Јан и побарала од него да им ја приложи возачката дозвола. Но, веднаш штом ја здогледале забележале нешто прилично чудно.
Откако го однеле човекот во полициската станица сфатиле дека има брат близнак и клупчето почнало да се расплеткува.
Додека возел Јан на главата косел капа, а откако поицајците му кажале да ја симне сфатиле дека човекот на возачката дозвола има коса, а Јан е ќелав. Тогаш тој им признал дека има брат близнак и дека ја користат една возачка веќе 20 години. Првин положил едниот брат и двајцата ја користеле таа возачка, потоа во 2017 година возачката на постариот брат му била одземена поради возење во пијана состојба.
Поради тоа помладиот брат решил да си извади дозвола и овој пат да продолжат да возат со таа возачка дозвола. Но, во меѓувреме „суровата природа“ си го одиграла своето и постариот брат ја изгубил својата коса. Со ова иако браќата биле идентични близнаци, разликата во косата ги „издала“.
Човекот бил казнет со 2.000 јуани и допрва ќе се спроведе истрага, велат од полицијата во Јиамуси, Кина.