Тие се идентични близначки кои го делат истиот кревет, истата кола, истата работа, истата облека за излегување па дури и истото момче – па ете, сега решиле да отворат и заеднички канал на Јутјуб. Родени со само една минута разлика, Ана и Луси ДеСинк потрошиле речиси 250.000 години на исти пластични операции со текот на годините, за да изгледаат колку што е можно повеќе исто. Дваесет и деветгодишните сестри од Перт, Австралија, штотуку се вратиле од Јапонија кадешто гостувале на јапонските телевизиии, а сега планираат пробив и на американскиот пазар.
„Си ја чувствуваме болката една на друга кога одиме на забар, и знаеме кога едната од нас ќе се разболи“, вели Ана во нивното последно видео на Јутјуб. „Малку е чудно тоа… ние на некој начин сме посебни. Луѓето едноставно се фасцинирани од тоа како го живееме нашиот живот.“
За тие „фасцинирани луѓе“, каналот ветува редовни обновувања на содржините кои ќе ги информираат за нивните последни авантури – што досега вклучува шопинг, лизгање на мраз и танцување во хотелска соба.
Веќе навлегувајќи во бизарното, едно од нивните видеа е двеминутен анимиран клип кој го прикажува нивното заедничко момче, 32-годишниот механичар Бен Бирн, кој се однесува како нивен виртуелен роб. Тој се буди помеѓу нив двете во кревет, и двете ги бакнува, им прави кафе, прави склекови со нив двете на неговиот грб и потоа се фрла на креветот, додека нивните облеки летаат во воздухот.
Близначките споделуваат низ кои сѐ рутини минуваат во секојдневниот живот, со цел да одржат колку што е можно поголема сличност помеѓу нив.
„Кога таа е сита, и јас сум сита. Кога таа ќе престане да јаде, и јас престанувам да јадам. Сакаме нашите тела да изгледаат исто, сакаме да имаме иста тежина. Никогаш не сме оддалечени повеќе од неколку метри. Каде и да оди мојата сестра, и јас одам таму. Се следиме една со друга. Се караме секој ден, но за мали нешта. Тоа е природно…Но, го надминуваме тоа. Ние сме најдобри пријателки и не сакаме да се изгубиме една со друга.“
Тие допреле и некои крајности, вклучувајќи стотици илјади долари коишто ги потрошиле на хируршки интервенции како зголемувања на усните, градите и лажни веѓи и трепки.
„Ние отсекогаш сме биле идентични, уште од мали, само сакавме да минеме низ истите процедури, бидејќи сакаме сѐ да правиме заедно и сакаме да изгледаме сосема исто“, велат тие.