Бојан Слат, 20-годишниот пронаоѓач од Холандија, голтнал голем залак – се нафатил, ни помалку ни повеќе, туку да го ослободи океанот од милионите тони пластично ѓубре коешто плови со неговите струи. И судејќи според поддршката за неговиот иноваторски пристап до решавање на проблемот, има големи шанси да успее.
Огромните ротирачки стру во океаните на светот го отежнуваат собирањето, па дури и надгледувањето на ѓубрето, но Фондацијата за чистење на океанот на Слат развива начин како да ги искористи тие струи како предност. Слат предвидува употреба на големи пловни објекти и мрежи кои ќе го собираат ѓубрето на површината, овозможувајќи му на морскиот свет непречено да минува одоздола. Компанијата предвидува дека ваква станица која би се простирала на површина од 100 километри би исчистила 42 проценти од ѓубрето на Пацификот во текот на само 10 години, што претставува вкупно 70,320,000kg пластичен отпад. Сега за сега инсталираат пробен систем од 2000 метри во јапонија, кој ќе стане најдолгата пловечка структура во светот и се планира да биде завршена до 2016 година.