Исламистичките милитанти разнесоа една од последните преостанати цркви во нивното упориште Мосул во Ирак. Се работи за Часовниковата црква на Царица Евгенија, којашто била урната во понеделник, на 25 април. Една од најпознатите преостанати цркви во Мосул, Часовниковата црква била наречена по својата часовникова кула и по својот основач, француската императорка Евгенија, која била сопруга на последниот француски император Наполеон III.

cr01

Во едно од нивните последни пропагандни видеа, Даеш (ИД) се снимиле себеси како уништуваат цркви додека обезглавуваат луѓе и додека флраат од покривите луѓе обвинети за хомосексуалност. Во видеото насловено како „Гласот на доблеста во развратниот пекол“ е прикажана озлогласената религиска полиција на ИД како ја применува нивната екстремистичка верзија на шеријатскиот закон низ Ирак и Сирија.

Кога Мосул, кој се наоѓа во провинцијата Нинива, падна во рацете на џихадистите во јуни 2014, тие уништија повеќе културно-историски локалитети вклучувајќи христијански, како и муслимански светилишта. Таков е примерот и со црквата Царица Евгенија.

cr02

Црквата била оштетена во експлозија на бомба во 2006 година, а според историчарите, по неа било наречено и маалото во кое се наоѓа, ал-Саа. Според историските извори, императорката Евгенија во 1870 година доделила средства на доминиканските фратри откако тие се обиделе да стават крај на тифусната епидемија во Мосул, град сместен во регион со најразлични народносни групи и религиозни малцинства. Во 2003 година таму имало повеќе од четириесет црвки и манастири. ИД се наоѓаат под притисок во градските предградија, кадешто курдските сили заедно со ирачката влада и шиитската милиција планираат здружен напад.

Американските воени сили испратиле бомбардери Б52 во Катар, во подготовка за воздушни напади врз терористичките позиции во градот. Во меѓувреме, американскиот претседател Обама најави паѓање на вториот град на ИД до крајот на 2016 година.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено