Дали сте знаеле дека дури две третини од мажените жени не се верни на своите сопрузи? Според истражувањата, жените ги изневеруваат своите мажи бидејќи бараат страст во сексот, но ниедна од нив не сака да стави крај на својот брак.
Користејќи ги податоците на една интернет страница преку која корисниците наоѓаат „забава отстрана“, професорот Ерик Андерсон од Универзитетот Винчестер во Велика Британија го проучувал однесувањето на сто жени на возраст меѓу 35 и 45 години кои ги користеле услугите на спомнатата страница. Откако ги анализирал нивните разговори со потенцијални „имагинарни“ љубовници, Андерсон дошол до заклучок дека дури 67 отсто од мажените жени бараат само страст, т.е. секс.
Но, ниедна од нив не била подготвена да го напушти својот сопруг и повеќето од нив во текот на виртуелниот разговор многу позитивно говореле за својот маж. Се поставува прашањето, ако тие жени се емоционално исполнети, тогаш на што се должи тоа неверство?
„Нашето истражување покажало дека овде не се работи за брачна дисхармонија, туку за сексуална монотонија. Имено, колку врските подолго траат, така паѓа и квалитетот и честотата на сексот. Тоа е така бидејќи сѐ веќе знаеме напамет и ни досадило истото тело“, смета Андерсон.
Се согласувате ли со него?