Минатата недела Сузан Гибонс од Килорглин, Ирска, забележала очајно магаре заглавено во надојдена река. Жената споделила пост на својата Фејсбук страница, барајќи помош. За среќа, Мајк Флеминг, член на локалниот веслачки клуб, го забележал постот и дошол на помош со својот чамец.
Магарето било безбедно извлечено на брегот со помош на јаже и појас за спасување. Откако се спасило, ги изненадило сите со прекрасна насмевка, уште еден доказ за нашата блискост со останатите животни.