Професорка ќе биде изведена пред суд затоа што му правела орален секс на нејзин 17-годишен ученик. 51-годишната Сандра Мејфилд е обвинета за сексуално злоставување на тинејџер кого го „злоставувала“ на паркинг во Оклахома, САД. Мејфилд, која е професорка во средно училиште во Оклахома била видена и како го бакнува и гушка момчето низ градот, велат иследниците.

uc01

Наводниот несоодветен однос се случил на задното седиште на колата на Мејфилд, и бил снимен со безбедносни камери. Вработените во нејзиното училиште дознале за тоа и веднаш отишле во полиција. Од полицијата го испрашале тинејџерот и неговото сведоштво се совпаднало со виденото на камерите.

uc02

Училишниот одбор го дал следното соопштение:

Јавните училишта на Мур ја ставаат безбедноста и благосостојбата на учениците пред било кој друг интерес, и ќе продолжат да ги преземаат неопходните чекори да ги чуваат нивната емоционална, телесна и образовна благосостојба.

Примена е информација за можно несоодветно однесување во петок, 4 март 2016 година. Професорката веднаш беше суспендирана и ѝ беше даден принуден одмор. Исто така, веднаш беа известени силите на законот. Обвиненијата покренати против нашата вработена се шокантни и вознемирувачки и не ги претставуваат стотиците други наставни лица кои секој ден работат напорно за да обезбедат безбедно и квалитетно образование за учениците во Обласните јавни училишта на Мур.

Како и секогаш, ќе продолжиме да соработуваме со полицијата и јавниот обвинител. Благодарни сме за нивната напорна работа и нивната целосна доверба во законскиот процес.

Сега за сега, како при секој ваков инцидент, вработената останува на принуден одмор додека случајот да се процесуира.

uc03

Мејфилд го одрекува обвинението за присилна содомија. Изречена ѝ е забрана да се појави на училиштето како и да контактира со момчето. Следното судско рочиште е закажано за 28 јули.

Сподели на Facebook
пати видено