Ив Роси и Винс Рефет, двајцата пронаоѓачи зад атлетскиот тим Џетмен од Дубаи, објавија неверојатно видео на кое се прикажува нивниот синхронизиран лет со појаси на ракетен погон високо над Дубаи и околната пустина.
Роси, бестрашен професионален пилот од Швајцарија и пронаоѓач, создал свој дизајн за ракетен појас после години експериментирање. Овој лет го претставува искуството кое тој и неговиот следбеник Рефет го собрале за време на годините истражување и вежбање.
Ракетниот појас кој го дизајнирал Роси е најблиску до тоа што сме го виделе на научно-фантастичните филмови како „Човекот ракета“. За да полетаат им треба помош од друго летало, но можат да одржуваат височина и да летаат од шест до тринаесет минути со брзина од 180 до 300 километри на час.