22 возачи на автобуси од Даблин минатиот петок станале милионери кога на „Евромилионс џепот“ игрите на среќа освоиле добивка од речиси 24 милиони евра. Како што пишува „Ајриш Тајмс“, на секого од нив му припаѓа нешто повеќе од милион евра, но тоа што изненадува е фактот дека петмина од нив веќе во понеделник се вратиле на работа. Некои од нив се задржале на пократок одмор, но сите ќе продолжат со својата работа.
Началникот на даблинскиот јавен превоз Лари О`Брајен изјавил дека се работи за возрасни луѓе кои чувствуваат потреба да се вратат на работа:
„Некои од нив веќе 40 години се со нас. Тие се одличен тим и не би стигнале толку далеку во компанијата да не се такви. Им завидувам, но и мило ми е за нив“, вели О`Брајен.