Еднаш на улица, Касандра Науд била препознаена од жена која била присутна при нејзиното раѓање, но никогаш не ја видела оттогаш.

Касандра е навикната на зголеменото внимание на минувачите, бидејќи навистина е лесно да се запамети поради истакнатиот белег на нејзиното лице. И нејзе тоа дури и се допаѓа.

Касандра Науд е родена со Бекеров пигментен хамартом, што претставува голема, темна, влакнеста дамка. Лекарите ги советувале родителите да се направи операција, но тие одбиле, а сега Касандра им е благодарна за тоа.

Причините за одбивањето биле: белегот премногу длабоко одел во кожата, и по отстранувањето, на негово место ќе остане голема лузна, а исто така постоел ризик да ѝ се искриват очите на Касандра. Ризикот бил премногу голем. Но, како што често се случува, со текот на времето, децата почнале да ја задеваат девојка која била поразлична од нив.

Долгорочното исмејување ја довело Касандра до тој степен што во средно училиште ги убедила родителите да одат на консултација со пластичен хирург. Сепак, лекарот не можел да ја задоволи девојката и нејзиното семејство.

За годините што поминаа од раѓањето на Касандра, медицината не напредувала доволно за да го отстрани невусот дури и со минимални последици. Изборот останал ист: или дамка, или лузна и можен страбизам.

Девојката морала да се помири со фактот дека во наредните години ништо нема да се промени. Родителите ја поддржале, и таа почнала да учи да се прифаќа себеси каква што е, и да ги подучува другите да го направат истото.

Со текот на времето овој белег станал нејзиниот заштитен знак, со кој се истакнувала во толпата. Сепак некои луѓе сѐ уште не реагираат најдобро. На пример кога нејзиниот агент побарал од неа да го острани белегот од фотографиите од фотосесијата, тој бил одбиен.

По училиште, Касандра ја напушти својата родна Алберта и заминала за Лос Анџелес за да се занимава со професионално танцување и работа како модел.

Таа исто така глумела во кратки филмови: неодамна беа објавени два филма, во кои Касандра е во главните улоги. Таа, исто така, учествува и во други проекти: на пример, на пролетта таа направи танцувачки флеш-моб со деца во рамките на акцијата против малтретирањето во училиштата.

Касандра вели дека сега ќе ја остави дамката, дури и ако ѝ се понуди да ја отстранат без трага. Таа верува дека таа го прави нејзиниот изглед особено незаборавен и многу ѝ помага во нејзината работа.

Можеби тоа не се случило веднаш, но Касандра успеала да се справи со комплексите и другите луѓе. Сега таа може да објасни дека ова не е недостаток, туку белег и им помага на другите да се сакаат самите себе.

Сподели на Facebook
пати видено