Уште не завршила првата седмица од новата година, а веќе се почна со прогнози за крајот на светот. Според познатиот научник Дејвид Мид, апокалипсата ќе настапи во периодот септември-октомври 2017 година. Крајот на светот е опишан подробно во неговата книга „Планетата Х – пристигнувањето во 2017“. Според неговата теорија, во октомври Земјата ќе се судри со мистериозната планета Нибиру и тоа ќе предизвика фатална катаклизма. Причината светските опсерватории да не ја видат опасноста која ни се приближува авторот ја објаснува со косиот агол под кој оваа мистериозна планета ни се приближува кон јужниот пол, што го отежнува набљудувањето. Мид оваа таинствена планета ја опишува како „второ сонце“.
Откако брзо се здоби со голема популарност, теоријата на Дејвид Мид беше критикувана и демантирана од многу светски научници. Авторитети од НАСА се категорични дека сите теории за планетата Нибиру се шпекулации, кои не се засновани на научни истражувања или докази. И покрај тоа, Мид не отстапува од својот став и дури тврди дека светската елита веќе гради силни бункери и утврдувања каде што ќе се обиде да побара спас од апокалипсата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.