Бебе кое се родило слепо и без череп е згрижено од милозлив будистички монах. Нурафаха од Сајабури, Тајланд, не може да прима млеко нормало и поради тоа се храни преку цевка. Случајот на осуммесечното дете беше изнесен на социјалните медиуми и луѓето од целиот свет се стрчаа да собираат средства за грижа за детето. Монахот Бин и локалната фондација се добро познати по нивните добри дела и помагањето на сиромашни семејства со посебни потреби.
Другите четири деца во семејството на детето Нурафаиха сите одат на училиште, што е вистински предизвик за семејство во кое само таткото носи скромен приход од неговата работа во фабрика. На Нурафаиха ѝ е потребен постојан болнички третман и во иднина ќе мора да биде подложена на неколку операции на лицето и главата. Монахот Бин досега успеал да собере околу 200 000 тајландски бати (околу 5300 евра) од фондации и поединци кои одговориле на неговите апели на Фејсбук да му се помогне на семејството.