Според најновите истражувања, во древна Евроазија било доста весело, како што се чини. Во најнова студија се вели дека предците на современите луѓе се мешале со неандерталците како и со друг вид на хоминид, и тоа не еднаш, туку повеќе пати. И така, гените на неандерталците и на уште еден претставник од родот хомо, т.н. денисовци, опстојуваат и до ден денес во крвта на современите Европејци, Азијци, како и кај Меланезијците од Папуа Нова Гвинеа и други австралиски острови.
Студијата е објавена во журналот „Сајенс“ и ги потврдува поранешните теории дека човечките предци не се мешале со другите човечки видови пред да ја напуштат Африка. Помеѓу денешните Африканци едвај и да постои трага од мешање со неандерталците. Но, штом почнале да се движат низ Европа и Азија, тие не само што живееле едни крај други со други видови хоминиди, туку во неколку наврати и налетувале на нив.
„Различните населенија имаат сосема малку различни нивоа на неандерталско наследство, што значи дека тие постојано се среќавале со нив додека се ширеле низ Европа“, вели Сванте Паабо од Институтот за еволутивна антропологија во Германија, кој работел на проектот и е еден од првите луѓе кои го издвоиле неандерталскиот геном.
Паабо и неговите колеги издвоиле ДНК од 1500 луѓе од различни етнички групи низ светот како дел од проектот. Ги споредиле овие секвенци со тие сочувани во остатоците од неандерталци коишто сожителствувале заедно со хомо сапиенсот во тоа што денес е Европа во периодот пред 30 000 години. Тие исто така употребиле и ДНК земена од т.н. денисовци – ран вид на луѓе идентификувани само преку мали остатоци од коска и заб најдени во пештера во Сибир, во 2008 година.
Со помош на ова генетско наследство, тие сметаат дека би можеле да се следат стапките на ширењето на човекот низ целиот свет.
Повеќето луѓе знаат за својата семејна историја до неколку поколенија наназад, можеби пет поколенија“, вели Дејвид Мериведер од универзитетот Бирмингем во Њујорк. „Но, од каде потекнуваме пред тоа? Тоа е тоа што сакаме да го дознаеме.“
Според истражувањата, овие наши најблиски роднини биле многу слични на луѓето, биле интелигентни, но биле покрупни од современите луѓе. Тие правеле накит, имале погрегни обреди, а според ДНК анализите, мешањето со нив на човекот му дало повеќе имунитетски предности, но и генот на црвената коса како и алергиите.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.