Веќе еден век овој норвешки град во текот на половина од годината бил во темнина. Благодарение на огледалата кои ја пренасочуваат сончевата светлина, во Рјукан, Норвешка, сега сонцето свети во текот на целата година.
Добредојдовте во Рјукан
Рјукан е мал град, сместен во долина. Опкружен е со планини, па така во текот на половина од годината природната сончева светлина е целосно блокирана. Од септември до март, овој град стоел во темнина. Благодарение на огледала, луѓето сега во текот на целата година ќе можат да се радуваат на сончевите зраци.
Хелиостат
Сам Ејде, основачот на овој град, имал идеја за сончево огледало во 1913 година, кратко по основањето на градот. Но, неговата идеја не била реализирана.
Насочување на сонцето
Во 1928 година била изградена жичарница. Наместо да се донесе сончева светлина во мрачниот град, се пренесувале патници до местата со сончева светлина. Жичарницата Крособанен сѐ уште работи, но веќе не е неопходна. Мартин Андерсен, жител на Рјукан, се заинтересирал за идејата за сончево огледало во 2005 година. Во 2013 година тоа конечно било поставено.
Огледалата
Вкупно има три огледала, кои се насочувани со помош на компјутер да ја одразуваат сончевата светлина. Поставени се на планина, 457 метри над центарот на градот. Секое огледало е високо 16 метри.
Промена на животот
Илјадници луѓе во градот се собрале на градскиот плоштад при свеченото откривање на огледалата во 2013 година, носејќи очила за сонце. Сега, велат тие, нивниот живот се променил кон подобро.
Место под сонцето
Сега сѐ повеќе луѓето се дружат на градскиот плоштад и другите јавни места. Тие се рашетуваат по улиците по неделните црковни миси, смеејќи се и разговарајќи на сончевата светлина. Кога одат по набавки, често застануваат и излегуваат надвор од нивните возила да седнат на клупа, едноставно за да го почувствуваат сонцето.
Усовршување на природата
Се разбира, огледалата не можат да ја променат Мајката Природа. Во текот на три месеци во 2014 година имало само 17 сончеви часа. Во еден миг, соларната механика на огледалата сосема престанала да работи, поради тоа што имало многу малку сонце. На планината брзо бил донесен генератор за да се придвижат огледалата.
Несогласувања
Околу 1300 од 6000 жители на градот потпишале петиција против поставувањето на огледалата. Но, сончевата светлина набргу им го сменило мислењето на овие скептици.
Добар ден, сонце
Огледалата чинат околу 840.000 долари. Тоа било најголемата причина за контроверзите околу нивното поставување. Сега кога огледалата се на место, градот почнува да гледа кон иднината. Веќе се прават планови и за подновување на плоштадот.
Поглед нагоре
Со поставувањето на огледалата, сѐ повеќе туристи почнале да го посетуваат Рјукан. Оваа година градот бил именуван за светско наследство на УНЕСКО. На градот ова веројатно ќе му донесе уште повеќе посетители.