Понекогаш дури и најдобрите можат да направат пропуст и да згрешат, за што имаме и повеќе примери во текот на историјата. Технологијата не е имуна на грешки, така грешка го остави Бил Гејтс без зборови пред синиот екран на Windows 98 пред илјадници гледачи.

10. Телескопот Хабл

Телескопот кој вредел 2,5 милијарди долари, кој по неколку години бил конечно лансиран во вселената, испратил неколку слики но сите биле матни. Проблемот бил во инструментите за калибрација на телескопот и бил поправен 3 години подоцна.

9. Експлодирачките лаптопи на Dell

На конференција во Јапонија, лаптоп на Dell одеднаш се запалил. Следеле бројни експлозии и искри кои траеле околу 5 минути. Излегло дека проблемот е во батериите и Dell требало да се повлечат 22 000 батерии лаптопите. За среќа немало повредени.

8. Неуспешниот N-gage

Гејминг платформа и мобилен телефон во едно…звучи кул. N-gage на Nokia сепак беше тотална катастрофа и за него имаше само неколку добри игри. Сепак се уште се продава.

7. Асимо

Роботот на Honda се изложуваше пред преполна сала во 2006. Тогаш Asimo тргнал кон скалите, се искачи на неколку скалила, потоа се свртел и паднал назад. Претставниците на Honda веднаш го изгасиле осветлувањето и го однеле роботот.

6. Облакот на Microsoft

Во Октомври 2009, серверите на Microsoft, кои чуваа информации на илјадници T-Mobile корисници паднаа без предупредување. Проблемот бил тоа што немало резервна копија на информациите. Корисниците биле гневни и го обвиниле Microsoft дека не можел добро да ги чува доверените информации.

5. Компјутерската грешка на Pepsi

Од Pepsi направиле промоција во 1992 горина на Филипините. На крајот на денот бил избиран број и оној кој го имал истиот бил добитник на 1 милион пезос. Бројот 349 го имале илјадници луѓе и сите ја барале наградата од Пепси. Од Пепси не можеле да исплатат таква сума и поради тоа почнале немири, била нападната фабриката на Пепси и биле запалени неколку нивни камиони. Во немирите загинале жена и дете.

4. Уништувањето на MCO

MCO бил вселенско летало, испратено на Марс за да ја изучува климата, атмосферата, водата и јаглеродниот диоксид на планетата. Леталото требало да влезе во атмосферата на Марс на висина 140-150км. Поради навигациска грешка тоа слезе на 57км и беше уништено поради преголемиот притисок. Причината за тоа била во тоа што производителот на леталото користел империјални единици, а НАСА користи метрички систем.

3. Експлозијата на Ариана

Во 1996, европската ракета од 8 милијарди долари експлодираше 36.7 секунди по полетувањето. По лансирањето, компјутерот се обидел да го конвертира бројот од 64 бита на 16 бита, но не успеал, бидејќи бројот бил премногу голем и тогаш се префрлил на друг систем кој веќе бил запрен.

2. Аполо 13

Дефектот во сервисниот модул на Аполо 13 бил причина за експлозија за време на рутинска процедура која ги натерала астронаутите да го користат лунарниот модул, за да не се задушат. Мисијата за слетување на Месечината е запрена и тимот успеа да се врати неповреден на Земјата.

1. Грешката на милениумот која за малку ќе предизвикала Трета светска војна

Во 1983, потполковник Станислав Петров спречил нуклеарна војна, кога ги идентификувал предупредувањата од новиот сателитски систем како лажни или погрешни. Кога алармот се активирал во Москва, руските сателити покажале дека САД истрелале 5 балистички ракети кон Русија. Инстинктот на Петров го натерал да се посомнева, затоа што САД при напад би користел повеќе од 5 проектили.

Сподели на Facebook
пати видено