На Пол Мекартни му бил оневозможен влез на забавата на Тајга по доделувањето на Греми наградите во понеделник вечерта, бидејќи „се појавил на погрешен настан“. На познатиот пејач не му бил дозволен влез во холивудскиот клуб „Аргил“ бидејќи тој мислел дека се наоѓа на Хајд Сансет Кичен енд Коктејл, кадешто Марк Ронсон организирал забава со Рипаблик Рекордс. Претставник на „Аргил“ вели дека Мекартни си заминал кога ја увидел својата грешка, додавајќи дека тој радо би го пуштил пејачот ако решел да остане на забавата.

pm01

Но, тоа не објаснува зошто Мекартни минал толку долго време надвор, прашувајќи се зошто не го пуштаат во клубот. Тајга вчера изјавил дека нема ништо со случката, но на кратко застанал да му се извини на Мекартни.

pm03

„Јас не ја контролирам вратата. Не знаев дека Сер Пол бил тука. Само го изведов својот настап и си заминав“, пишува Тајга на Твитер. „Зошто би му забранил влез на Мекартни? Тој е легенда.“

pm02

Еден гостин кој влегол во клубот, Бау Вау, имал малку поинтересен одговор во врска со тоа што се случило. Пејачот и актер, откако дознал дека Мекартни не можел да мине покрај исфрлувачот го кажал следново: „Можеби тоа е поради фактот што ние сме помлади од Пол…и ние навистина се забавуваме, навистина излегуваме.“

pm04

Но, не бил само Мекартни кој останал збунет, бидејќи на него му се придружиле и Бек, Тејлор Хокинс, тапанарот на Фу Фајтерс, и актерот Вуди Харелсон. Мекартни кој бил во придружба на неговата сопруга Ненси Шевбел, бил слушнат како се шегува: „Колку ВИП треба да сме?“

pm05

Потоа се обидел да влезе и по вторпат, но уште еднаш бил одбиен, по што уште еднаш се пошегувал: „Ни треба уште еден хит, момци, ни треба уште еден хит.“

Бек, кој на минатогодишното доделување на Греми наградите ја освоил наградата „Албум на годината“ му одговорил: „Следната година!“

Сподели на Facebook
пати видено