Коњ во костум може да звучи како некој виц или некоја стара басна, но сега е реалност. Големата британска обложувалница Вилијам Хил го нарача првиот костум од твид за животното за да се одбележи коњската трка Челтенхам Фестивал 2016, којашто се случува во Англија.
Дизајнерскиот тим поминал четири недели правејќи го костумот за тркачкиот ветеран Морстед.
За костумот биле потребни 18 метри твид, околу десет пати повеќе од потребното за изработка на човечка облека.
Морстед го претставил троделниот костум придружуван од џокејскиот шампион сер Тони Меккој.
На кого подобро му стои?
Погледнете го четириножното животно во акција!