Ова е жената од виралниот интернет мем кој беше споделен ширум светот, кој за првпат се појави на интернет страница „Луѓето од Волмарт“, која го исмева американскиот трговски ланец Волмарт. Сега, четири години по објавувањето на сликата, Џенифер Кнап Вилкинсон ја споделува вистината за тоа што навистина се случило кога таа паднала од својата моторизирана количка.

„Не секогаш е безопасна забава да се насмеете на некого.“

zn01

39-годишната мајка на две деца вели дека страда од прекумерна тежина и се бори со да ослабне поради проблеми со `рбетот, анксиозност, синдром на дефицит на вниманието и хиперактивност и посттравматски стрес.

zn02

Кнап Вилкинсон вели дека за сликата дознала дури кога нејзината сестра ја прашала дали тоа е таа на сликата. Подоцна таа се вџашила кога ги видела сите сурови коментари и исмевања на сметка на нејзината дебелост.

„Најлошото во врска со оваа слика е тоа што луѓето си мислат дека ете, оваа дебела жена се превртала преку количката затоа што била премногу мрзлива да стане да си земе сок од полицата. Јас имам нарушување на мојот `рбет кое се нарекува спондилолистеза. Најчестите симптоми се чувство на слабост и мачнина по подолго стоење или одење. Во мојот случај, колку подолго стојам, толку послаби ми стануваат нозете. И често паѓав поради ова нарушување.“

zn03

Таа вели дека болеста е наследна и дека на луѓето кои ја исмеваат поради тоа треба да им биде срам, бидејќи фотографијата уште повеќе ја влошила состојбата и срамот низ кој мора да минува поради предрасудите на луѓето.

Сподели на Facebook
пати видено