И Бог го создал македонскиот маж. И Бог отишол да му се фали на Св. Петар:
– Види какви убавци направив. Ги опколив со убави планини, реки, полиња, им дадов жива народна музика и песни и им дадов нешто што јас го викам „ракија“, за да не им е досадно.
Св. Петар вели:
– Не си ли ги разгалил премногу? Да нема потоа лоши последици?!
– Не се секирај, на се сум мислел… Почекај да видиш какви жени сум им подготвил…