10 годишното момче Џон Габриел Гарсија Мота од бразилскиот град Гојаш го ставило кучето во ранецот и го однело до еден супермаркет пред кој знаело дека има бесплатна храна и вода за кучињата скитници.
Откако видеото се рашири по интернет, момчето било запрашано за настанот и објаснило:
„Јас само што си тргнав од училиште и го најдов кученцето. Ми беше жал за него, бидејќи тој бил сам и беше многу тажен, а ми се чинеше и дека е гладен. Јас го однесов пред продавницата каде што поминувам секој ден, бидејќи знам дека таму има храна и вода за кучињата скитници и го оставив таму да јаде. Пред некој ден отидов таму и видов дека некој веќе го посвоил. Бев многу среќен.“