Случката од плажата Панама сити во Флорида ќе не потсети на едно подзаборавено правило: Луѓе сме и мора да си помагаме!
6 луѓе биле „заробени“ од морето на 90 метри од брегот и никако не можеле да допливаат. До нив со пливање се обидувале да се пробијат брачниот пар Џесика и Дерек Симонс, но спасувањето не било лесно. Тогаш младиот пар успеал да активира 80 доброволци за да направат синџир од луѓе. После 1 час ги спасија сите 6 луѓе и плус 4 кои морето ги донело во меѓувреме.