Францускиот писател Ромен Роланд еднаш рекол: „Добрината не е наука, таа е дејство“. Можеме цел ден да зборуваме за она што е добро и правилно, но сепак делата се многу посилни од зборовите, а херојот на денешната статија е најдобриот пример.

Професионалниот градител Антон Савчук докажува дека им помага на оние кои имаат потреба иако не е богат и го подарува автомобилот кој му е неопходен.

Како започнало сѐ?

33-годишниот Антон Савчук живее и работи во Екатеринбург. Тој не е милионер, туку обичен градежен работник кој сака да поправа работи за луѓе кои не можат да си го дозволат тоа. Тој сите материјали и мебел ги купува од свој џеб, а само мал дел од средствата доаѓа од други хумани граѓани.

Тој гледал на телевизија како се доделуваат титули и медали на ветераните, но потоа се оставаат препуштени сами на себе. Така тој дошол до идеја првин да почне да им помага на ветераните кои го „платиле“ својот долг кон татковината.

За луѓето

Антон ги наоѓа луѓето на социјалните мрежи или пак самите му се обраќаат. Тој вели дека на сите луѓе на кои им има помогнато се добри и го заслужуваат тоа. Тој има еден помошник кој секогаш доаѓа со него и уште еден кој е тука по потреба.

View this post on Instagram

Закончили наш " бесплатный ремонт " для инвалида, получилось на мой взгляд достойно. Напомню, я сам купил стройматериалы и своими силами сделали ремонт (положили ламинат, натянули потолки, освежили стены). Спасибо всем за теплые и не очень слова, отдельное спасибо людям, которые захотели помочь материально ( таких оказалось двое ) 100 + 100 руб , для кого то это покажется смешным, но мне и правда было приятно когда поступили эти 200 руб на счет, это говорит о том что есть еще люди, которые верят во что то доброе и хорошее). Если кто то думает, что я остановлюсь, то вы заблуждаетесь, я как и прежде верю в свой проект, верю что со временем найдутся люди которые будут помогать морально и материально, ведь ремонт упирается только в деньги. Так же хочется снять классное видео, надеюсь со временем дойдем и до этого. Сейчас я начинаю копить деньги на следующий проект. Спасибо, что дочитали до конца. Лайк и репост приветствуется)

A post shared by Савчук Антон (@86sava) on

Валентина Исаевна има 71 година, од детството таа е инвалид и се движи во инвалидска количка дома и работи во Друштвото на инвалидните лица. На улица, таа излегува исклучително ретко и нејзиниот стан не бил во најдобра состојба и затоа Антон решил да ѝ помогне.

Полина Генадиевна има 47 години и работи како возач на трамвај, а нејзиниот сопруг е инвалид. Кога Антон ја видел лошата состојба во собата на нивната 15-годишна ќерка Ирена решил да им помогне.

Татијана Илинична која ја преживеала опсадата на Ленинград оваа година ќе наполни 80 години, а Антон ѝ помогнал нејзиниот трошен дом да заблеска во полн сјај.

Василиј Федорович има 95 години, а неговата сопруга Тамара Александровна, со која тие се заедно повеќе од 60 години, има 92 години. Овој хуман човек му помогнал на ветеранот и на неговата сопруга да имаат топол дом за новогодишните празници.

Зошто го подарува автомобилот?

Ова е единственото превозно средство на Антон, но тој вели дека подарувајчи го на социјалните мрежи ќе го привлече вниманието на луѓето да го подржат неговиот проект. Тој вели дека доколку победникот живее подалеку од Екатеринбург, тој ќе добие 100.000 рубли за возврат за автомобилот.

Сподели на Facebook
пати видено