Грузиска:
– Згответе било што, попрскајте со коријандер.
Француска:
– Испечете го месото горе-долу, полејте го со сос кој се вари 3 часа, украсете го со кромид.
Италијанска:
– Соберете ги остатоците од фрижидерот, загрејте ги, посипете ги темелно со моцарела. Сервирајте со некакви макарони.
Кинеска:
– Соберете изумрени муви и лебарки, наберете трева од дворот, пржете го сето тоа во силно загреана тава и истурете 1 литар соја сос.
Јапонска:
– Фатете нешто живо од морето, веднаш исечете го на парчиња и додека уште мрда, сервирајте го со Васаби.
Мексиканска:
– Додаде лут пипер. Друго може и да не ставате.
Либанска:
– Намачкајте нешто со масло од сусам, истурете одозгора лимонов сок. Принесете им го на гостите по 20 минути, за да заборават што нарачале од менито.
Индиска:
– Измешајте кари со лут пипер, бибер и пипер. Додадете уште кари. Украсете со грашок.
Грчка:
– Принесете евтини производи кои едноставно сте ги насекле на парчиња и дури не мора ниту да ги мешате. Повторувајте гордо: „Натура производ!“.
Бугарска:
– Направете ќебапи поголеми од плескавици. Во нив ставете се што имате, само месо не ставајте. Фалете се дека ќебапите се направени од Македонско свинско месо.
Македонска:
Зборувајте половина час дека ниту една друга кујна не чини, само нашата е добра, а потоа намачкајте си едно лепче со мелени црвени пиперки пржени неколку часа на висока температура и сирење (ако има).