Родителите на храбрата Хармони-Роуз Ален се плашеле дека таа никогаш нема да ја почувстува радоста на движењето. Кога таа била на само девет месеци, докторите им кажале на Фреја Хол и Рос Ален дека нивната ќерка го има најлошиот случај на вирусот кој го виделе и ѝ дале само десет отсто веројатност дека ќе преживее.

Хармони ја победила веројатноста – но ги изгубила обете раце и нозе, како и врвот на нејзиниот нос. Сега на две години, таа учи како да се приспособи на новиот начин на живот благодарение на рамката за одење.

hm01

Постирајќи за ова на Фејсбук, г-ѓа Хол кажала дека била загрижена кога физиотерапевтите предложиле рамка за одење за Хармони Роуз. Но детенцето уште еднаш се покажало достојно за предизвикот. „Кога ни кажаа дека физиотерапевтите работат на случајот, ние не знаевме како ќе изгледа тоа – и јас имав чувство дека Хармони нема да сака да го користи тоа. Но, еве ја сега, нејзината рамка за стоење…Ова се покажа како малку тешко за нејзините помали рачиња, но добро ѝ тргна и успеа. Браво Хармони, уште еднаш нѐ направи горди!“

hm02

Родителите на Хармони првпат забележале дека нешто не е во ред со неа кога се разбудила ноќе кашлајќи и не можејќи да дише. Ја однеле во болница, но докторите не можеле да откријат ништо сериозно и ја пуштиел да си оди дома. но следното утро Хармони помодрела и пак ја однеле во истата болница. По прегледот им било кажано дека тоа е само вирус и пак ги пуштиле да си одат дома. Но, неколку часа подоцна Хармони станала млитава и летаргична и пак ја одвеле в болница, каде ѝ бил забележан осип.

hm03

За само четири часа, целото тело на бебенцето било покриено со виолетов осип, оставајќи ги без зборови нејзините родители. Мајка ѝ вели дека една недела пред да ја однесат во болница, Хармони имала настинка, но ѝ никнувале и запчиња и поради тоа не забележале ништо невообичаено. Пред да ја однесат по вторпат во болница, таа сѐ уште била среќна и си играла, но потоа ѝ се појавила модринка на носот која не се повлекувала. Кога медицинската сестра го видела ова, набргу ординацијата се наполнила со доктрои.

„Секогаш кога ќе ја погледневме Хармони, таа стануваше сѐ повеќе покриена со виолетови модринки. Ја однесоа на интензивна нега и цели четири часа немавме никакви вести. Кога влеговме да ја видиме, за малку ќе се онесвестев. Спиеше и беше покриена со осип уште повеќе, и тогаш сфативме дека состојбата е многу тешка. Докторите ни кажаа дека ќе загуби дел од носот, и тоа под услов да преживее. Кога ми кажаа дека моето девојченце можеби нема да преживее, целиот живот ми се преврти за една секунда и бев толку вознемирена и гневна. Осипот буквално ја покриваше од глава до пети. Потоа рацете и нозете ѝ станаа модри. Тоа повеќе не беа точки. Ѝ се промени бојата на кожата.“

hm04

Хармони била подложена на повеќе од десет операции и сега е надвор од животна опасност, но како што вели нејзината мајка, таа сѐ уште се соочува со бројни предизвици во текот на нејзиното запкрепнување. Семејството и пријателите основале фонд за помош на Хармони, и досега биле собрани 192.969 евра помош кои ќе бидат употребени за рехабилитација, хидротерапија и определени адаптации. За таа цел донирале луѓе од целиот свет, за што родителите на Хармони ја искажуваат сета нивна благодарност.

Што се однесува до Хармони, таа покажува силен дух, и неверојатно е тоа што и покрај сета нејзина несреќа, таа сѐ уште се смее со полно срце.

hm05 hm06 hm07 hm08 hm09 hm10

Сподели на Facebook
пати видено