Аудрина Хатон-Рајт, од Дерби поминала 14 круга на радиотерапија за редок и агресивен рак. Но 4-годишното девојче не подлегнало на болеста и храбро се борело и победило во „војната“.
Затоа таа со гордост заѕвони на ѕвоното во Центарот за радиотерапија во Нотингем, по осум месеци третман.
Облечена како лик од Војна на ѕвездите малото борбено девојче на посебен начин го означи крајот на својата радиотерапија. Нејзината мајка Џема вели дека Аудрина е многу ведро девојче кое ги изненадува секој ден, а костимот бил целосно нејзина идеја.
Аудрина била дијагностицирана со висок ризичен невробластом – редок детски рак со една од најниските стапки на преживување – во јули 2018 година.
Оттогаш таа го поминала својот роденден во болница, издржала четири операции, пет круга на хемотерапија и 14 круга на радиотерапија.