Многу одамна си живеел еден храбар и силен витез. Тој слушнал дека се појавил голем и лош змеј кој ја пустошел земјата. Витезот го јавнал коњот и тргнал да го бара змејот. По подолго време стигнал до една висока планина. Ја обиколил и видел една голема пештера. Тогаш викнал во пештерата со сета сила:
– Е-е-еј, змеју, излегувај да се бориме на живот и смрт!
– Добро, де, добро, ќе се бориме, штом сакаш – се чул глас од високо – само престани да ми врескаш во задникот!