Во Флорида избила тепачка на улица откако маж случајно се судрил со жена, а потоа ја плукнал и ја удрил.
Во близина се нашол велигденски зајак, кој не можел да остане рамнодушен и само да ја гледа ситуацијата. Тој веднаш „скокнал“ да помогне и не ги штедел „шепите“ за да ја спаси жената од напаѓачот.
На видеото може да се слушне како луѓето навиваат за храбриот зајак. Откако пристигнала полицијата тој им кажал дека „морал да се вмеша“. Човекот во костумот на закај всушност се вика Антони Мекдоналд и тој бил заедно со неговиот братучед и неговата девојка.
Антони вели дека тој не размислувал дека е во костим на зајак и дека веднаш побрзал да помогне, дури потоа му текнало дека целата случка изгледала и малку смешно од страната на набљудувачите. Сепак нему тоа не му е битно туку е среќен што можел да помогне.
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.