39-годишната Клер Онил не се надевала дека денот кој започнал толку мирно ќе се претвори во нејзин кошмар. Соседството во Бирмингем, Англија било познато како мирно место, во кое што досега немало ниту кражба на автомобил, но соседите останале во шок кога се случил инцидентот.
Клер планирала да тргне со автомобилот од дворот пред семејната куќа, а Елзи била на задното седиште. Тогаш двајца крадци ја ифрлиле Клер од автомобилот(Ауди) и тргнале заедно со бебето. Очајната мајка се фатила за една од вратите и не ги пуштала додека ја влечеле низ улицата. Голем број од соседите биле сведоци на страшната глетка.
По одреден период Клер не можела да издржи и се пуштила од автомобилот. соседите веднаш повикале полиција и брза помош. За среќа крадците го оставиле бебето во клинички центар на неколку километри од соседството и по еден час Елза била најдена од полицијата.
Клер вели: „За среќа Елза е безбедна сега, но одговорните луѓе знаеја дека таа е во автомобилот и свесно го загрозија животот на 1-месечно бебе поради нивната алчност. Сега сум пуштена од болница и имам повреди на лицето, кои вклучуваат модринки, скршен заб и силна болка во десната рака. Ова беше предизвикано од тркалото на мојот автомобил кога ме прегазија во обид да си ја вратам ќерката.“
Мајката бара од луѓето кои што биле сведоци на настанот да помогнат во идентификација на крадците за да можат да одговараат за она што го направиле.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.