Силвија Блач живее во мало село во Полска и таа е моден блогер, писател и мотивационен говорник. Таа верува дека животот е премногу краток и дека немаме време за да пробаме се, но сепак треба да се потрудиме. Силвија е модел за долна облека на Role Models Panache. Најчесто пишува книги од хорор жанрот, но нејзината најнова книга е за деца. За да го подигне моралот кај останатите девојки во инвалидската количка таа организирала натпревар “Мис во инвалидска количка”, на ниво на Полска. Блач се нема откажано од љубовта и е во среќна врска со своето момче. Силвија препорачува: “Животот е премногу краток за да биде досаден.”