Најновиот луксузен хотел во Кина вчера беше отворен во напуштен каменолом по речиси една деценија од изградбата. Интерконтинентал Шангај Вондерленд, многу очекуваниот проект вреден 250 милиони евра е изграден на едната страна од јама, длабока 88 метри, во југо-западната периферија на финансискиот центар.

Хотелот со 17 спрата и 336 соби има два спрата под земјата и 15 спрата над земјата, вклучувајќи и две најниски нивоа кои се потопени во вештачко езерце.

Повеќето до собите имаат поглед кон вештачкиот водопад од другата страна на каменоломот, а колку се оди подлабоко толку се пораскошни собите. Во подводни апартмани, гостите ќе можат да ги набљудуваат рибите од нивниот прозорец додека уживаат во полна услуга од батлер.

Ресторан со морска храна, наречен г. Фишер, се наоѓа на еден кат под нивото на водата. Хотелот, исто така, може да се пофали со серија авантуристички активности, вклучувајќи качување по карпи, кајакарење и прошетка низ стаклена дупка, како и ноќно шоу.

Еве како изгледал каменоломот пред изградбата на хотелот:

Сподели на Facebook
пати видено