Можеби на повеќе места веќе сте го сретнале податокот дека има знаци во зодијакот меѓу кои задолжително пламнува љубов, а тоа се Лавот и Овенот. Да, тоа можеби е вистина, но тоа воопшто не значи дека само меѓу нив би можело да се роди тоа прекрасно чувство. Секој знак во зодијакот си има свој пар со кој силно се привлекуваат.
За да ви биде појасно со кој зодијак најмногу ќе се сакате, а со кој не толку, погледнете ја табелата. Сѐ зависи од бојата на квадратчето кадешто ви се совпаѓаат хороскопските знаци.
Супер комбинација. Имате заеднички гледишта и разбирања, но во исто време сте и доволно различни за да се одржува искрата. Дури и повремените препирки само уште повеќе ви ја разгоруваат страста отколку да ве оддалечуваат. Со многу малку труд можете да се претворите во идеална двојка. И да, љубовта меѓу вас е навистина неизбежна.
Имате шанса за силна и вистинска љубов, а и во кревет чудесно си одговарате. Но, ќе треба постојано да внесувате нови нешта во врската. Вашите карактери се слични, а тоа може да биде основа за појава на здодевност и чувство на безперспективност. Разговарајте искрено и отворено и сѐ ќе биде во ред. Малите изненадувања секој ден можат да направат чуда.
Меѓу вас има многу хармонија. Покажувате разбирање кон потребите на другиот, макар што се случува и да направите скандал како во сапунска серија. Но, најубавото кај вес е тоа што не сте само љубовни партнери, туку и вистински пријатели, а тоа е стабилна основа за среќна врска. Само внимавајте на романтиката. Не е добро да ја занемарувате, бидејќи без неа има ризик вашите односи да станат повеќе платонски.
Вие сте апсолутни спротивности! Но сите знаеме дека токму тие најмногу се привлекуваат. Меѓу вас има многу силна страст, но тешко дека ќе се справите со сериозна врска. Просто во еден момент тие разлики ќе излезат на преден план. Ќе проживеете и убави, но истовремено и многу лоши емоции. И ако не преземете мерки, од страсни љубовници можете да се претворите во страсни непријатели.
Многу тешко се разбирате еден со друг. Често ви се чини како да живеете во два различни света. Вие сте исто како двајца непознати кои останале насамо за минута. Што да си кажете, што да направите? Незгодно е! Вашите односи изискуваат доста усилби и навистина треба да имате силна желба да сте заедно, за да ги зачувате.
Прво, меѓу вас е речиси невозможно да има страсна привлечност (макар што се среќаваат и исклучоци). Имате многу заеднички теми и црти, се разбирате добро и ќе водите интересни разговори. Но, едноставно нема да ја има онаа возбуда. Најдобро е да се држите само до пријателство, бидејќи по евентуален секс ќе ви биде отежната комуникацијата.
Тотален судир на темпераменти! На почетокот ќе ви биде супер интересно и возбудливо, но наскоро ќе почнете да размислувате дека требало да се сретнете во друго време и во други околности. Едноставно затоа што сѐ е против вас. Премногу предизвици, премногу компромиси а толку малку разбирање. А тоа тешко се издржува.