Осумнаесетгодишна девојка била приморана да снима како сопствениот татко ја силува во надеж дека мајка ѝ овојпат ќе ѝ поверува и ќе го пријави. Сарита Деви од Утар Прадеш, северна Индија го снимала силувањето со телефон, откако четири години го трпела тоа. Таа вели дека нејзината мајка, како и постарата сестра никогаш не сакале да ѝ поверуваат кога им кажала дека татко ѝ се изживува врз неа. Поради тоа, не ѝ останал друг избор освен да го сними ужасниот инцидент и да го покаже видеото како доказ.

ms01

„Татко ми ме искористуваше сексуално четири години. Постојано се обидував да разговарам со моето семејство, но никој не сакаше да ми поверува. Немав никаков доказ. Овојпат обезбедив доказ за самата да можам да му се спротивставам на мојот татко. Не сакам да го обесат, туку народот јавно да го претепа и убие за да види како е кога те мачат. Ми олесна, сега кога вистината излезе на јаве. Среќна сум што сѐ е готово. Сега сакам да го видам татко ми казнет за тоа што ми го стори и да продолжам со својот живот.“

ms02

Педесет и тригодишниот татко на Сарита четири години ја присилувал на сексуален однос секогаш кога ќе се најделе сами дома. За време на последниот напад таа го ставила својот телефон на прозорецот и го насочила кон себе пред да стисне на снимање. Веднаш кога завршил нападот, таа ѝ го покажала на својата мајка, а веднаш потоа отишла во полиција.

ms03

Мајка ѝ изјавила: „Секогаш се лутев кога ќерка ми се жалеше на нејзиниот татко. Мислев дека измислува приказни за него. Но вистината ме скрши. Сѐ уште сум во шок и не можам да поверувам дека татко може да го прави ова на сопственото дете. Но, сега ќерка ми ја има сета моја поддршка и жалам што порано не ѝ поверував.“

ms06

По приведувањето, таткото го признал злосторството и сега ќе му биде судено за силување и закана според индискиот закон за заштита на децата од сексуално злоставување.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено