Шокирани локални жители пронашле торба во која што имало 27 пара човечки раце, во источна Русија. Шокантното откритие беше направено во близина на градот Хабаровск во Сибир, во близина на границата со Кина. Локални жители пронашле една рака на брегот на реката, а потоа била пронајдена торбата.

Рацете биле пронајдени во близина на популарно место за риболов, но локалните жители тврдат дека не забележале ништо сомнително. Никој не знае зошто биле отсечени мистериозните раце и на кои луѓе им припаѓале. Отпечатоци од прсти биле пронајдени само на една рака досега, а останатите уште се проверуваат.

Една од ужасните теории за решавање на оваа мистерија е дека рацете биле отсечени со секира како казна за кражба. Друга теорија е дека рацете им биле отсечени на веќе мртви луѓе, но причината за оваа дело е нелогична.

Додека пак најстрашната причина би можела да биде трговија со органи. Односно се претпоставува дека трговците со органи им ги сечеле рацете на луѓето за да не можат подоцна да ги идентификуваат нивните мртви тела кога ќе завршат со трансплантациите. Локалните медиуми објавија дека веднаш до остатоците биле пронајдени медицински завои и пластични навлаки за чевли кои се користат во болниците.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено