Маж влегува во црквата, оди во исповедалнaта и се свртува кон свештеникот:
– Оче, мора да се исповедам, многу сум грешен….
– Те слушам синко…
– Оче ја изневерив жена ми. Јас сум режисер во Холивуд и пред една недела спиев со Џеј Ло.
– Нешто друго чедо?
– Пред две недели за време на една рекламна кампања покажав слабост и правев тројка со Никол Кидман и Џулија Робертс.
– Такааа!?!?! Нешто друго синко?
– Да Оче. Вчера пак не се воздржував и згрешив со Камерон Дијаз и Синди Крафорд и посакувам Господ да ми прости.
– Жал ми синко, но нема да ти бидат опростени гревовите.
– Но зошто? Зарем Божјето милосрдие не е за сите?
– Да, да, е, но треба да бидеш искрен, никој, па ни Господ нема да ти поверува дека за сето тоа се каеш!!!