Сопружниците Труди и Дирк Регтер решиле да го обиколат светот, возејќи 130.000 километри со нивниот 100 години стар автомобил Ford Model T.
Тие тргнале на пат во 2012 година и од родната Холандија се упатиле кој Кејптаун, Јужна Африка. Ги поминале првите 22.000 километри за 180 дена.
Вториот дел од патувањето се состоел од возење низ Америка и Канада, при што поминале 28.000 километри за 180 дена. За целиот тој пат речиси и да немале дефекти освен што смениле една гума.
Потоа брачниот пар продолжил со патувањето во Австралија и Нов Зеланд, па преку Азија се вратиле во Европа во 2014 година. Сосема на крај на патувањето кога поминале низ повеќе од 50 држави и се враќале назад преку Белгија, доживеале сообраќајка при што биле сериозно повредени. Но, тоа не фрли сенка на нивниот успех.