Според статистичките податоци, 358 видови на пчели живеат во Холандија. За жал, повеќе од половина од нив се веќе загрозени и ставени на холандската Црвена листа.
Официјалните претставници на Холандија го препознаа растечкиот проблем и пронајдоа генијално решение, да ги трансформираат автобуските постојки на градот Утрехт во засолништата за пчела за да ги поддржат населението што врши опрашување.
Неодамна, советот во Утрехт имаше можност да ги прошири функциите на обичните автобуски постојки, давајќи им нова цел: да се справат со зголеменото загрозување на пчелите.
Утрехт е четвртиот по големина град во Холандија, кој се наоѓа во централниот дел на земјата. Новите покриви ќе го поттикнат опрашувањето од пчели и бумбари.
Веќе има 316 вакви автобуски постојки. Не само што новите преработени автобуски постојки изгледаат поубаво, туку тие исто така, го подржуваат биодиверзитетот на градот. Зелените покриви, исто така, помагаат да се фатат ситните честички и да се зачува дождовницата.
Епак ова не е единствениот „еко-план“ на Утрехт. Уште во февруари, Утрехт објави дека ќе ги замени своите сегашни автобуси со електрични. Официјалните лица се надеваат дека ќе употребуваат ваква транзитна флота пред 2028 година.