Филип Ошелтре заедно со неговите две мали деца се возел кон својот дом во Тексас, откако тој регион беше зафатен од торнадо во саботата. Бидејќи невремето сеуште траело автомобилот се превртел. Случајните минувачи се обидувале да ги спасат што е можно побргу, но вратите на автомобилот не можеле да се отворат.
Волонтерите успеале да го извлечат безживотното тело на бебето од автомобилот и веднаш почнале да му даваат вештачко дишење. На видеото може да се слушне глас на жена, која очајно се моли, за животот на бебето. За среќа бебето Маршал почнало да дише и сега е во стабилна состојба. Неговата постара сестричка Ади е во потешка здравствена состојба.
Том Мичел го снимил целиот настан, но не можел да помогне затоа што се чувствувал премногу изнемоштено од поплавата. На видеото се гледа како маж со црвена маица и капа успева да го спаси бебето.
„Ова бебе ќе умре ако не започнеме со вештачко дишење. Бебето нема да издржи, бебето нема да издржи. Нема реакција, ништо не се случува“, вели Мичел.
„Животот може да ти заврши додека да трепнеш. Мината вечер заминавме од дома за да избегнеме ваква катастрофа, а всушност се превртевме на автопатот“, вели Ошелтре. Тој им се заблагодарува на сите што ги поддржуваат и им помагаат во овие тешки времиња, а секако најмногу им е благодарен на луѓето кои го спасија неговиот и животот на неговите деца.
Група волонтери направиле и страна за поддршка каде што луѓето можат да донираат пари за лекувањето на неговата ќеркичка Ади, која сеуште е во животна опасност. Најмалку 15 луѓе се мртви и многу други се повредени во силното невреме кое ги зафати Мисури, Арканзас и Тексас во саботата.