Тимскиот труд на 13-годишното момче и добронамерна жена го спаси животот на 12-годишниот Еван. Коди Рајнон пливал во базенот на станбениот комплекс Есекс Парк во Рочестер, Минесота, кога сфатил дека некој недостасува. Неговиот пријател Еван го снемало од површината на базенот.

„Отидов под водата и одеднаш го видов како лежи на дното. Тој беше само во 1,5 метри, онесвестен. Го фатив … околу половината, а потоа главата му беше на моето рамо и почнав да го носам.“, вели Коди. Во тој момент немало спасувачи на базенот.

Коди пливал кон плиткиот дел од базенот каде што го чекала Дезире Паско за да помогне. Паско, која често користи инвалидска количка, има фибромијалгија и не може да крева тешко. Затоа, со помош на друго дете, Коди го извадил Еван надвор од водата. Потоа, со сите сили, Паско успеала да му помогне да го повлече телото на Еван кон бетонот.

„Адреналинот во тоа време беше толку надреален. Отидов и му реков на младиот човек: ‘Ова не е смешно. Ако се шегувате ова не е смешно!’“ Паско сфатила дека Еван не се шегувал и почнала да применува вештачко дишење, со знаење кое го добила на курст во 1990-тите.

Еван

Таа вели де била многу исплашена бидејќи лицето на детето било сино, а телото ладно, но кога по укажаната прва помош неговите образи почнале да стануваат розови и да ја искашлува водата, жената била пресреќна. Еван бил однесен во болница и сега е во добра здравствена состојба.

Еван вели дека многу им е благодарен на Коди и Паско. Додека Паско сите заслуги му ги препушта на Коди велејќи: „Тој е најкул дете! Тој е херојот!“

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено