Контролер на летање, Антониус Гунаван Агунг, бил на своето работно место на аеродромот Мутиар СИС Ал-Јуфрие на 29-ти септември, кога на островот Сулавеси започнал силен земјотрес. Кога земјотресот достигнал магнитуда од 6,1 степен, целиот тим бил евакуиран од контролната кула, но тој одбил да го напушти работното место. Херојот одлучил да остане, за да не ги стави во опасност животите на повеќе од сто патници во авионот кој бил на пистата спремен за полетување.
Кога авинот веќе бил на безбедно, човекот побрзал да излезе надвор од контрола кула, но во тоа време земјотресот веќе бил со јачина од 7,4 стелени и кулата почнала да се урива. Антониус бил приморан да скокне од голема висина, со што се здобил со повеќе повреди и внатрешни крварења. Му била укажана прва помош, но за жал не го дочекал медицинскиот хеликоптер. Херојот за 1 месец не успеал да го дочека својот 22-ри роденден, но ги спаси животите на патниците во авионот.