Можеби 86.000 долари ќе ви се чинат многу за VW Буба од 1963 година, но оваа кола минатата недела е продадена на аукција за неверојатна сума од 86.250 долари. Тоа е затоа што ова не е обичен Фолксваген. Ова е оригиналната Херби.

Примерокот кој го гледате тука е истата таа Буба која беше употребена во снимањето на филмот „Херби повторно вози“ и „Херби оди во Монте Карло“ – второто и третото продолжение во безвременскиот серијал на Дизни. Тоа ја направи една од најпрепознатливите автомобили на сите времиња.

hr01

Покрај иконичниот изглед, возилото било модифицирано за возачкото место буквално да биде на задното седиште, со што на каскадерот кој ја возел му било овозможено да направи да изгледа како колата да се вози самата себеси. Славната Буба била изгубена со децении, сѐ додека пак не била најдена во склад во Флорид пред неколку години, а сега е ставена на продажба.

hr02

Колата била ставена на понуда минатата недела како дел од аукцијата „Богатства од фабриката за соништа“, одржана во Бонамс и Тарнер Класик Мувис во Њујорк. Со постигнатата цена, ова е најскапта Буба којашто некаде била продадена на аукција, тесно надминувајќи ја цената од 82.500 долари платени за беспрекорна Буба кабриолет продадена на Амелиа Ајленд во 2014 година. Истиот овој Херби пред помалку од една година бил продаден на Ибеј за 55.200 долари, со што за купувачот ова се покажало како вредна инвестиција.

Сподели на Facebook
пати видено