Колку пати си ја сменивте лозинката годинава? 2014 беше одбележана со големи пробиви во системите и пад на безбедноста на интернетот.
eBay
Повеќе од 230 милиони корисници на eBay беа компромитирани во 2014г. Хакерите два месеци собирале податоци, во текот на февруари и март.Собрале домашни адреси, телефонски броеви, лозинки како и кориснички имиња од сајтот. Одговорноста за хакерскиот напад ја превзела Сириската електронска армија.
P.F. Chang’s
Во мај, на непознат број на купувачи на P.F. Chang’s им биле компромитирани личните податоци. Подоцна илјадници кредитни картички биле продадени на интернет. Одговорните хакери сѐ уште не се откриени.
JP Morgan Chase
Оваа година биле пробиени 83 милиони сметки на JP Morgan Chase биле пробиени, при што биле откраднати податоци како: лозинки, броеви на сметки, лични податоци, броеви на социјално осигурување и дати на раѓање. Хакерскиот напад погодил 7 милиони мали бизниси.
Сони
Еден од најновите, но и најголемите хакерски напади годинава. Нападот бил толку лош што вработените морале да користат пенкало и хартија. Лозинките, детали за платите, имејли, медицински истории и други видови на чувствителни информации биле пробиени од страна на трети лица. И не само тоа, туку биле хакирани и необјавени високобуџетни филмови како „Ани“.
Obamacare
Точно така – сајтот на американската здравствена заштита исто така бил цел на хакерски напади, преку кои се рашириле вируси чијашто цел не била да крадат податоци, туку едноставно да предизвикаат проблеми.
Yahoo! Mail
Корисничката база на 273 милиони корисници на Јаху била хакирана по што Јаху ги посоветува своите корисници да си ги променат лозинките.
Хоум депо
Американскиот синџир на продавници за алат и други видови производи за домашно мајсторење исто така бил цел на хакерски напади оваа година, при што биле пробиени податоците од кредитните картички на 56 милиони луѓе.
Селебгејт
Оваа афера од август ги изложи голите фотографии на голем дел од холивудската елита, откако беше хакнат iCloud.
Хакирањето на серверот на Мајкрософт и Валв
Двата сервери биле хакнати од еден тим. Групата барала информации за различни софтвери и видео игри, и ги добила. Хакерите се здобиле со бизнис тајни вреди над 200 милиони долари. Но, одговорните во овој случај беа фатени.
Нејман Маркус
Податоците од кредитните картички на Нејман Маркус биле откраднати во февруари, по што хакерите цели осум месеци не можеле да се изнакрадат. Биле издадени над 60.000 предупредувања за сомнителна активност со картичките, но персоналот не обрнувал внимание. Се проценува дека над 350.000 муштерии биле оштетени со овој хакерски напад.