Хакерската група Анонимус ѝ објави војна на ИСИС по ужасните терористички напади во Париз во петок вечерта, кога загинаа 129 недолжни луѓе. Во ново видео на француската Јутјуб страна на групата, хакерите ги предупредуваат терористите со зборовите: „Очекувајте нѐ, нашите членови ќе ве фатат“. Хактивистите се придружија во осудите на терористичките напади во Париз и се заколнаа дека ќе ги најдат одговорните на интернет и ќе ги изложат.

hak01

Во видеото, претставникот на групата, носејќи ја препознатливата маска на Гај Фокс, вели: „Анонимуси од целиот свет ќе ве најдат. Треба да знаете дека ќе ве најдеме и нема да ве оставиме. Против вас ќе ја започнеме најголемата операција воопшто изведена. Очекувајте големи сајбер напади. Војната е објавена, подгответе се. Францускиот народ е посилен од вас и од ова злосторство ќе излезе уште посилен.“

hak02

Хакерите веќе објавија ажурирана листа на сметки на Твитер за кои велат дека шират пропаганда во поддршка на ИСИС. Сега, за Операцијата Париз или #OpParis, групата ги повикува своите членови да ги хакираат веб страниците на ИСИС и да украдат вредни информации кои потоа ќе ги објават на интернет. На Твитер страницата на Анонимус се тврди дека се соборени 2256 про-ИСИС сметки на Твитер.

hak03

Сподели на Facebook
пати видено