Петнаесетгодишното момче уапсено поради сајбер нападот врз TalkTalk е осаменик со бебешко лице и гејминг фанатик со прекар „Вишис“ кој ретко ја напушта својата соба. Повлеченото момче е осомничено дека стои зад големиот безбедносен упад кој ги изложи банкарските детали на четири милиони домаќинства. Момчето било уапсено во својот дом во Северна Ирска кој го споделувал со својата самохрана мајка.

Неговиот блог открива дека е опсднат со насилни видео игри како Grand Theft Auto. Се испоставило дека и тој самиот бил цел на хакерски напади кои ги објавиле неговите лини детали на сега избришаната веб страница за млади хакери наречени „скриптчиња“ (script-kiddies), како што известува Тајмс. Хакерите ги злоставувале членовите на неговото потесно семејство, нарекувајќи „дебели кучки“ поставувајќи слики на кои тој е со нив.

hk01

Соседите велат дека тој учел од дома откако по неколку суспензии бил избркан од училиште. „Тој е секогаш внатре, 24/7 и по цела ноќ е буден во својата соба“, раскажува еден од нив. Близок пријател на семејството споделил: „Тој никогаш не сакаше да оди на училиште. Тој е доста ситно момче, малечок за својата возраст. Никогаш не ја напушта својата куќа. Никогаш не излегува да се дружи со своите врсници. Очигледно прави нешто друго наместо да трча наоколу со другите петнаесетгодишници.“

Аналитичарите ги пребаруваат податоците на неговиот компјутер во потрага по други можни осомничени соучесници. Полициски извори велат дека очекуваат да добијат и други адреси во „брзата истрага“, како што ја нарекуваат тие. Поголемиот дел од блогот на момчето, кој содржи референци за неговото семејство, е сочинет од компјутерски код и се чини дека вклучува имејл адреси на други луѓе опседнати со компјутери, од целиот свет.

european gaming league_call of duty advanced warfare.jpg

Уште од десетгодишна возраст момчето минува часови играјќи насилни видео игри како Call of Duty, Resident Evil и Grand Theft Auto – сите несоодветни за мали деца поради нивната насилна и експлицитна природа. Пред една година на својот блог напишал: „Јас сум 14-годишен гејмер кој еден ден сака да стане професионален играч на Call of Duty“. Тој вели дека не сака да чита и никогаш не гледа телевизија и филмови. Соседите го опишуваат како многу тивко момче кое никогаш не ја напушта својата соба и никогаш не излегува да игра и спортува со врсниците.

hk05

„Некои луѓе во соседството мислат дека тој е некаков голем херој, но се прашувам како би се чувствувале тој да добил пристап до нивните банкови податоци“, вели еден од нив. Момчето и неговата мајка се доселиле пред четири години. Неговиот татко и другите деца живеат на друго место.

„Да слушнеш дека 15-годишно момче ја хакирало една од најголемите компании во светот е навистина изненадувачко“, коментира еден. „Тој не изгледаше како многу умен. Кога беше мал, трчаше наоколу и паѓаше во неволји. Беше по малку дрзок“.

 hk02

Последниот упад е третиот по ред сајбер напад врз истата компанија во последните осум месеци, при што во февруари и август биле украдени податоци на корисниците на интернет и телефонија. Од компанијата велат дека не знаат колку од нивните четири милиони клиенти се погодени од последниот хакерски напад, кој минатата недела ги присилил да ја затворат нивната веб страница. Предупредиле дека украдените податоци можеби вклучуваат дати на раѓање, броеви на сметка и слично.

Сподели на Facebook
пати видено