Сајбер крадците би можеле да копаат лични информации од вашите мозочни бранови, токму во овој момент. И иако ова можеби ќе ви звучи како од некој научно-фантастичен филм, расте загриженоста помеѓу истражувачите кои бараат политичарите да изготват рамка за приватност и безбедност која би ги спречила хакерите да ги читаат нашите нервни сигнали.

hk01

Експерти од Вашингтонскиот универзитет откриле дека хакерите преку разни слики и сомнителни апликации можат да ги снимаат нашите несвесни реакции користејќи т.н. мозочно-компјутерски интерфејс.

Мозочно-компјутерскиот интерфејс има широка примена во медицината, но и во другите индустрии, вклучувајќи го и маркетингот, игрите и забавата. Иако оваа технологија првично била создадена да го подобри и унапреди човечкиот живот, кога би се нашла во погрешни раце би можела да создаде вистински хаос.

hk02

Истражувачите од споменатиот универзитет велат дека времето истекува и дека властите мораат да создадат безбедносни услови за да се спречат тие кои би сакале да ги свртат нашите мозоци против самите нас.

„Всушност има многу малку време“, вели инженерот Хауард Чизек. „Ако брзо не се зафатиме со ова, може да биде предоцна.“

Чизек и неговата колешка Тамара Боначи спроведуваат истражувања во врска со хакирањето со помош на мозочно-компјутерски интерфејс, комбинирано со потсвесни пораки вметнати во видео игрите кои прибираат приватни информации на корисниците. На пример, кога играат некаква видео игра, корисниците можат да видат како на екранот се појавуваат логоа на познати брендови и потоа едноставно исчезнуваат.

hk03

Би можеле да си помислите дека само ви се причинува, но тоа не е така. Хакерите ги ставаат тие слики во играта и потоа ги снимаат вашите несвесни мозочни реакции, користејќи го овој интерфејс.

На тој начин овие виртуелни крадци на информации би можеле да ги дознаат вашите политички и верски убедувања, сексуалната ориентација, нешта кои еден ден би можеле да ѝ наштетат на вашата репутација.

“Проблемот со мозочно-компјутерските интерфејси е што со сите тие уреди кои ги има овие денови, кога решавате со електрични синали да управувате со некоја програма, таа програма нема пристап само до мозочните бранови потребни за контрола на апликацијата; таа има пристап до сите мозочни бранови, кои содржат богати информации за нас како личности.“

hk04

Чизек исто така објаснува и дека крајните корисници на овие информации не се невидливите хакери, туку би можеле да бидат и властите и владините агенции кои на овој начин би можеле да собираат информации за некој со цел да го осудат, шпиунираат итн.

Денешната технологија можеби е далеку од директно читање на мислите на луѓето, но барем може да дознае што ни се допаѓа, а што не ни се допаѓа. Овие информации би можеле да се искомбинираат и со други методи на следење и на тој начин да се воспостави контрола врз луѓето каква што никогаш порано не била воспоставена.

Сподели на Facebook
пати видено