Дури и НАСА соработува со Гугл на проектот, при што директорот за истражување Рупак Бисвас го опишува како „пробивна технологија која може да го промени начинот на кој правиме што правиме сѐ“.
Новата платформа ќе може да решава проблеми 100 милиони пати побрзо од обичниот десктоп компјутер. За разлика од обичните компјутери кои податоците ги кодираат во битови кои можат да бидат „1“ или „0“, квантните компјутери употребуваат квантни битови кои можат истовремено да бидат „1“ и „0“.
Со употребата на специјални техники за манипулирање на овие единици на квантна информација ќе се овозможи компјутерот да изведува серии на математички пресметки во исто време. Квантниот суперкомпјутер „D-Wave X2“ на гигантскиот интернет пребарувач ги користи овие методи да спроведе решавање на проблеми 100 милиони пати побрзо од стандардниот компјутер.