Ова е шокантниот момент во кој млада жена била пронајдена од ѓубреџија, како цврсто спие во контејнер, неколку секунди пред да биде испразнет во камионот на ѓубре во Лондон.
Девојката која изгледа ккао тинејџерка, заспала под куп картони во контејнерот за 1100 литри.
Еден од ѓубреџиите го забележал крзното на јакната на девојката и ги предупердил колегите, спасувајќи ја од можноста да биде здробена од тешката машинерија. Ѓубреџијата ѝ вели на девојката: „Ајде не можеш да останеш во контејнерот душо. Опасно е таму. Многу опасно, те молам. Многу е опасно за тебе, ок? Наредниот пат не прави вака.“
Видеото веднаш добило популарност и голем број на луѓе го пофалиле ѓубреџијата, но и голем број жалат затоа што вакви работи уште се случуваат и во 21 век.