Кајли Бамбергер од Калифорнија била дијагностицирана со алопеција кога имала само 12 години. Оваа автоимуна болест предизвикува луѓето да губат коса од нивната глава, лице и понекогаш и од останатите делови од телото. Порано 27-годишната Кајли се трудела да ја прекрие својата состојба носејќи перика, но периките и биле многу неудобни и од 2005 година па наваму престанала да ги носи. На денот на нејзината венчавка Бамбергер гордо ја покажала својата ќелава глава, со што изненадила многу луѓе.
Таа правела повеќе третмани за да си ја врати косата кога била тинејџерка, но кога ништо не успеало периките и биле единствен излез. „Повеќе не се чувствував дека се разликувам.“, вели Кајли. Но од 2005 година па наваму таа одбива да ги носи неудобните перики.
Кога се наблужувал големиот ден Кајли не сакала воопшто ни да размислува за перика. Наместо тоа таа ставила само трака и вел на нејзината глава и блескала на свадбениот ден. Таа нема проблем да ја покаже ќелавата глава, велејќи: „ Не ни размислував да носам перика на денот на венчавката. Навистина уживам да се истакнувам и да се чувствувам различно.“
Бамбергет, која е и мотивациски говорник, често објавува на социјалните мрежи и ги охрабрува луѓето да го прифатат надворешниот изглед. Во пораките таа истакнува и дека нејзиниот сопруг ја сака токму таква како што е.
Губењето на коса не Ве прави болни и не Ве прави грди. Тоа се две големи, огромни заблуди. Јас не сум болна. Јас сум само посилна. Ако некој од Вас таму ја губи својата коса тоа значи дека ќе станете посилни. Ако некој од Вас таму ја прифатил својата ќелавост значи дека веќе е посилен.“, изјавила Кајли за списанието „Здравје“.