„Големиот Брат те гледа…“
За да ја прослават 110-годишнината од раѓањето на Џорџ Орвел, уметници од Холандија соработувале за да ги украсат камерите за надзор со празнични капи. Класичниот дистописки роман на Џорџ Орвел со наслов „1984“ го предупреди човештвото за страшната иднина во која владите ќе бидат опседнати со целосна контрола и надзор на своите граѓани.
Холандското уметничко дуо Front 404 мислеле дека празничните капи се совршен начин да се одбележи годишнината од раѓањето на Орвел.
Камерите за надзор во центарот на Утрехт биле украсени со разнобојни капи и потоа фотографирани, за уметниците да ги споделат на нивната веб страница. Набргу потоа овој нивен пристап се раширил и на други места, при што биле закачени многу балони и капи на камерите крај тротоарите.
Според уметниците:
„Со ставањето на овие весели празнични капи врз камерите за надзор, ние не го прославуваме само роденденот на Орвел. Со ова ние ја креваме свеста колку многу и колку често сме набљудувани и надгледувани, и дека надгледувањето опишано од страна на Орвел е сѐ поблиски и поблиску до реалноста.“
Што мислите вие, дали постои и функционира Министерството за вистина на Џорџ Орвел и во реалниот живот? А можеби Орвел не можел ни да си замисли со какви сѐ технички предности и возможности ќе располага „Големиот Брат“.