Вчера бил постиран ужасен видео клип на кој се гледа како група тинејџери врзуваат експлозив за телото на едно куче, снимајќи како го разнесуваат, смеејќи се додека го врзуваат. По неколкуте неуспешни обиди да го запалат фитилот, најпосле успеале и се оддалечиле на безбедно растојание по што се гледа како екплозијата го разнесува кучето.

Инцидентот се случил во Ел Негрито, Хондурас. Според локалните медиуми, тинејџерите кои се на возраст од 17 до 19 години се казнети со парична глоба еквивалентна на 100 долари, и покрај тоа што кучето умрело со ужасна смрт. Момчињата биле изведени пред суд по објавувањето на видео клипот на социјалните мрежи, по што следувала јавна осуда. Од страна на YouSignAnimals.org е иницирана петиција со која од Хондурас се бара построга казна за злосторниците.

Selection_015

Аманда Пери која е иницијатор за петицијата, вели:

„Ваквите чинови треба строго да се казнуваат од властите во Хондурас. На овие адолесценти треба да им се одржи лекција. Очигледно е дека немаат никаква почит кон животните.“

Допрва се чека одговор од јавниот обвинител на Хондурас.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено